„Мекдоналд Европа“ го прекина договорот за франшиза со македонската фирма „СЈ компани“, која, почнувајќи од 14 мај, не смее да работи под брендот „Мекдоналд“. Ова е официјалниот одговор од европската централа на најголемиот синџир за брза храна во светот на прашањето зошто неколку дена се затворени сите седум ресторани на „Мекдоналд“ во Македонија. По прекинот на договорот, „СЈ компани“ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните под брендот „Мекдоналд“. Вандаи понатаму додава дека компанијата во Македонија, која до сега ја поседуваше лиценцата, сама ќе одлучи дали рестораните ќе продолжат да работат под некој друг бренд. Ова се случува по шеснаесет години од отворањето на првиот ресторан „Мекдоналд“ во центарот на Скопје.
„Мекдоналд Европа“ го прекина договорот за франшиза со македонската фирма „СЈ компани“, која, почнувајќи од 14 мај, не смее да работи под брендот „Мекдоналд“.
Ова е официјалниот одговор од европската централа на најголемиот синџир за брза храна во светот на прашањето зошто неколку дена се затворени сите седум ресторани на „Мекдоналд“ во Македонија.
- По прекинот на договорот, „СЈ компани“ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните под брендот „Мекдоналд“ - вели Агнес Вандаи, директор за комуникации во „Мекдоналд Европа“.
Вандаи понатаму додава дека компанијата во Македонија, која до сега ја поседуваше лиценцата, сама ќе одлучи дали рестораните ќе продолжат да работат под некој друг бренд. Ова се случува по шеснаесет години од отворањето на првиот ресторан „Мекдоналд“ во центарот на Скопје.
Во Македонија затворањето на рестораните беше обвиено во мистерија и непроверени информации. Дел од интернет-порталите објавија дека станува збор за промена на сопственоста. Единствената официјална информација што јавноста можеше да ја дознае е од испечатениот лист хартија залепен на вратата на рестораните, на кој пишува „Известување: рестораните на 14 мај 2013 година нема да работат од интерни причини“.
Според финансиски извештај од 2010 година, сопственик на 90 проценти од седумте ресторани на „Мекдоналд“ во Македонија е инвестициската групација М6, на чело со познатиот бизнисмен Светозар Јаневски. Агенцијата што ги работи односите со јавноста за оваа групација вчера не сакаше јавно да го коментира затворањето на рестораните.
Од отворањето до прославата на 15-годишнината во рестораните „Мекдоналд“ во Македонија биле услужени над 8 милиони луѓе, покажуваат податоците што беа објавени минатата година. Првиот ресторан во центарот на Скопје го отвори тогашниот претседател на државата Kиро Глигоров на 6 септември 1997 година. Во моментов во рестораните „Мекдоналд“ во земјава работат неколку стотици луѓе.
Инаку, Европа е вториот по големина пазар за „Мекдоналд“, каде што функционираат повеќе од 7.400 ресторани, од кои 74 отсто се под франшиза. Дневно се опслужуваат 14 милиони корисници, а вработени се 415.000 лица. Најголемиот синџир на брза храна има објекти во 39 европски земји, а првиот ресторан во Европа е отворен во Холандија во 1971 година.